Решение за свикување на 62 седница на Совет на општина Кратово

Ја свикувам 62 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 21.07.2021 година (среда) во салата на Музеј на град Кратово со почеток во 11 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог-Записник од 61-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 30.06.2021 година;

1.Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Кратово за вториот квартал од 2021 година;

2. Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Кратово за 2021 година;

3. Детален урбанистички план со Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ2, дел од Блок 4 и Блок 7 Кратово;

4. Програма со Предлог – Одлука за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2021 година;

5. Предлог – Решение за давање согласност за формирање на чисти паралелки со под 20 ученици и на комбинирани паралелки во ООУ „Кочо Рацин“ Кратово за учебната 2021/2022 година;

6. Предлог – Решение за именување на член на Одборот за вршење на контрола на материјално-финансиското работење (Надзорен одбор) на ЗЈПРУО „Еко Исток-Североисток“ Свети Николе;

7. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Претседател на Совет на општина Кратово

Слободан Постолов
facebooktwittergoogle_pluslinkedin