Општина Кратово ги награди највредните, најуспешните ученици

Највредните и најуспешните поединци, учениците кои учествувале на бројни општински, регионални и државни натпревари и покажале одлични резултати, Градоначалникот на општина Кратовo д-р Љупчо Бојаџиев ги награди со дводневна екскурзија.

IMG_9359

Патувањето на 20 ученици од ООУ „Кочо Рацин“ и СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово се организираше врз основа на подготвена програма од страна на професор Младен Мицевски, со што првиот ден ги опфативме: посета на националниот парк Маврово, Мавровско езеро, преубавиот Бигорски манастир Св.Јован Крстител, уживавме покрај течението на реката Радика и стигнавме до главното туристичко место во летниот период Охрид кој е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.

IMG_9432

Учениците вториот ден уживаа на Охридското крајбрежје, разгледување на манастир св.Јован Богослов Канео, манастир св.Климент – Плаошник, староградската архитектура, прошетка низ чаршијата, кои заедно здружени и насмеани другаруваа на патувањето.

За локалитетот Плаошник, кој претставува исклучителен археолошки комплекс со културни слоеви од праисторијата, антиката и средниот век раскажуваше ученичката од средното училиште Ива Зарева.

IMG_9674

Посакуваме тоа што го постигнавте минатата учебна година, наредните години да биде мотив плус за вас и вашите врсници и тие да постигнуваат врвни резултати.

IMG_9642

facebooktwittergoogle_pluslinkedin