Решение за свикување на третата седница на Совет на општина Кратово

Ја свикувам третата седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 06.12.2021 година (понеделник) во салата за седници со почеток во 11 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од втората седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 15.11.2021 година;

1.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Кратово за 2021 година;

2.Предлог-Одлука за задолжување на фирми-претпријатија кои вршат угостителска дејност за плаќање на комунална такса за користење на простор пред деловните простории за 2020 година;

3. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Третиот-Североисточен плански регион бр. 03-1/1 од 17.12.2008 година;

4. Предлог-Одлука за доделување на помош од Буџетот на Општина Кратово;

5. Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за период од 01.01.2021 година до 30.09.2021 година на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“ од Кратово;

6. Деловник со Предлог – Одлука за усвојување на Деловник за работа на Партиципативно тело;

7. Предлог-Решение за именување на членови на Партиципативно тело на општина Кратово од областа на урбанизамот;

8. Предлог-Решение за разрешување на членови на Управниот одбор на ЈП „Кратово“ Кратово;

9.Предлог-Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈП „Кратово“ Кратово;

10.Предлог-Решение за разрешување на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈП „Кратово“ Кратово;

11.Предлог-Решение за именување на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈП „Кратово“ Кратово;

12.Предлог-Решение за разрешување на член на Училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово;

13.Предлог-Решение за именување на член на Училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово;

14.Предлог-Решение за разрешување на член на Училишниот одбор на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;

15.Предлог-Решение за именување на член на Училишниот одбор на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;

16.Предлог-Решение за разрешување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Дом на културата „Лазар Софијанов“ Кратово;

17.Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на членови на Управниот одбор на ЈОУ Дом на културата „Лазар Софијанов“ Кратово;

18.Предлог-Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Дом на културата „Лазар Софијанов“ Кратово;

19.Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на членови на Управниот одбор на ОУ Музеј на град Кратово;

20.Предлог-Решение за разрешување на членови на Управниот одбор на ОУ Музеј на град Кратово;

21.Предлог-Решение за именување на членови на Управниот одбор на ОУ Музеј на град Кратово;

22.Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

23.Предлог-Решение за разрешување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

24.Предлог-Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

25.Предлог-Решение за разрешување на членови на Управниот одбор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Кратово;

26.Предлог-Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Кратово;

27.Информација со Предлог-Заклучок за усвојување на Информацијата за безбедносна состојба и преземени мерки во текот на првите шест месеци од 2021 година на ОВР Кратово;

28. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Претседател на Совет на општина Кратово

Весна Петрова
Scroll to Top