Решение за свикување на петтата седница на Совет на општина Кратово

Ја свикувам петтата седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 31.01.2022 година (понеделник) во салата за седници со почеток во 11 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од третата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 06.12.2021 година;

– Предлог – Записник од четвртата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 27.12.2021 година;

1.Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа на Советот на општина Кратово во 2022 година;

2.Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Кратово за четвртиот квартал од 2021 година;

3. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните и административните службеници во Општина Кратово за 2022 година;

4. Предлог-Одлука за доделување на помош од Буџетот на Општина Кратово;

5. Предлог – Одлука за давање согласност на измените и дополнување на Годишниот план за вработување за 2022 година во Општина Кратово;

6. Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за период од 01.01.2021 година до 30.09.2021 година на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“ од Кратово;

7. Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за период од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“ од Кратово;

8. Годишен извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови на Општина Кратово за 2021 година;

9. Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко – планска документација за издавање на урбанистичка согласност за КП 2569 и КП 2570, КО Шопско Рударе, Општина Кратово;

10.Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко – планска документација за издавање на урбанистичка согласност за КП 385/1 и КП 2416/2, КО Туралево, Општина Кратово;

11. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување на намената на објектот со намената на земјиштето одредена во урбанистичко планска документација, КП 3581/1 и дел од КП 3922/1 за КО Кратово;

12.Годишен извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа за 2021 година на ОУ Музеј на град Кратово;

13.Информација со Предлог – Заклучок за усвојување на Информацијата за безбедносна состојба и преземени мерки во текот на првите шест месеци од 2021 година на ОВР Кратово;

14.Годишен извештај со Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2021 година;

 

 

 

15. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Претседател на Совет на општина Кратово

Весна Петрова
Scroll to Top