КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА НА ТЕМА „СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ – СВЕТИЛНИК И ЗАКРИЛНИК НА КРАТОВО“

ОПШТИНА КРАТОВО

во соработка со

Локален младински совет Кратово

РАСПИШУВА:

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА

НА ТЕМА „СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ – СВЕТИЛНИК И ЗАКРИЛНИК НА КРАТОВО“

 

Општина Кратово и Локален младински совет по повод патрониот празник на Кратово „Свети Ѓорѓи Кратовски“ распишува награден конкурс за најдобра литературна творба на тема: Свети Ѓорѓи Кратовски–светилник и закрилник на Кратово“.

Литературните творби треба да бидат напишани на македонски литературен јазик во поезија или проза.

На Конкурсот имаат право да учествуваат младите до 29 години на општина Кратово.

На Конкурсот не може да учествувааат претходно објавени или издадени дела.

Авторските творби треба да се достават до Архива на Општина Кратово секој работен ден од 07.30 – 15.30 часот или да се испратат по електронски пат на: contact.kratovo@gmail.com и  mladinskisovetkratovo@gmail.com до 21.02.2022 година.

Оценувањето и изборот ќе го врши стручна комисија при што авторите на најдобрите творби, што ќе бидат изделени како најдобри ќе добијат пофалница и вредносни ваучери како најуспешни литературни творби за годишниот патронен празник, истите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Кратово и наградени на манифестацијата која ќе се одржи на ден 25.02.2022 година во Музеј на град Кратово.

Scroll to Top