Литературно читање по повод одбележувањето на 24 Февруари – Патронен празник на град Кратово

На 01.03.2022 год. (среда), беше реализирано литературно читање по повод одбележувањето на 24 Февруари – Патронен празник на град Кратово „Свети Ѓорѓи Кратовски“. Овој литературен настан беше организиран за млади лица до 29 години коишто беа наградени и пофалени на претходно распишаниот  литературен конкурс на тема: „Свети Ѓорѓи Кратовски – светилник и закрилник на Кратово“, во рамките на Изложбениот салон во Музеј на град Кратово, како дел од активностите на програмата на Локалниот младински совет.

275063456_318289343695853_6026145160786513785_n

Младите и учениците имаа можност да се претстават со своите лични литературни творби кои беа посветени на нашиот заштитник  Св.новомаченик Ѓорѓи Кратовски. По завршување на литературното читање на 15 пристигнати творби, се наградија и 3-те највпечатливи за кои одлучи стручна комисија составена од 3 члена – просветни работниц.

Честитки за наградените:

I (прва) награда – Бојан Маневски
II (втора) награда – Елена Николова
III (трета) награда – Димитар Ивановски
275142009_318289367029184_1022210814423532360_n
275113235_318289383695849_7989826366940422854_n
274988907_318289433695844_5858791555398801778_n
facebooktwittergoogle_pluslinkedin