Врз основа на член 11, 30, 48 и 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20 и 215/21), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/15 и 35/18), Правилникот за систематизација на работните места во општина Кратово бр. 01-969/5 од 25.11.2021 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општина Кратово бр.01-82/1 од 12.01.2022 година и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општина Кратово бр.01-431/1 од 10.03.2022 година, Секретарот на општина Кратово, објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2022
за пополнување на работно место со унапредување на административен службеник
Општина Кратово објавува Интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник за следното работно место:
- Советник за општи дајности во Одделението за правни, општи работи и јавни дејности со шифра на работно место УПР 0101 В01 000 – 1 (еден) извршител.
Посебни услови предвидени за работното место согласно Законот за административни службеници и актот за систематизација на работните места:
- Советник за општи дајности, со шифра на работно место УПР 0101 В01 000 – 1 (еден) извршител
а) Стручни квалификации – за нивото В1 ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа Правни науки, Јавна управа и администрација;
б) Работно искуство – за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката;
в) Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Распоред на работно време: од Понеделник до Петок.
Дневно работно време: 8 (осум) часа дневно од 07.30 до 15.30 часот.
Неделно работно време: 40 (четириесет) часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво, изнесува 26.257,00 денари.
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас, треба да ги исполнуваат следните општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место; и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на тековното работно место и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Рокот за доставување на Пријава изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на интерниот оглас.
Кон пријавата канидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
– потврди за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).
Пополнетата пријава и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите треба да ја поднесат во писмена форма преку Архивата на Општина Кратово до Одделението за управување со човечки ресурси и електронски преку службената електронска адреса: contact.kratovo@gmail.com.
Ненавремена, нецелосна и неуредна поднесена пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка по овој оглас.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Секретарот на Општина Кратово.



