Соопштение за прво авионско третирање против комарци

Спроведувањето на превентивна дезинсекција како значајна општа мерка за заштита на населението, Општина Кратово согласно Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година и Законот за заштита на населението од заразни болести, го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

За јавност:

Општина Кратово ја информира јавноста дека првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден: 24 Јуни 2022 (петок) во период од 5.00 часот до 8.00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање ќе се изврши наредниот ден, 25 Јуни 2022 (сабота).

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и течението на Кратовска и Крива река.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Соопштение

facebooktwittergoogle_pluslinkedin