Известување за санација на ударни дупки

Општина Кратово ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена започнувајќи од денес – понеделник (11.07.2022 година) ќе се реализираат градежни активности за санација на ударни дупки и асфалтирање кон патниот правец до м.в. Лисец, с.Нежилово.

Ги замолуваме жителите на општината да бидат претпазливи и да имаат разбирање за отежнатото одвивање на сообраќајот на локациите каде ќе се работи во периодот до дека се изведуваат градежните работи.

Изведувач на работите е фирмата ВЕ-ГРУПАДООЕЛ.

Scroll to Top