Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за Локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), член 13 од Правилникот за постапката за управување со ефектот на вработените во ТППЕ, следење, оценување и предлагање на мерки за подобрување на општина Кратово бр.01-1566/2 од 29.11.2016 година, Правилникот за систематизација на работните места во општина Кратово бр. 01-969/5 од 25.11.2021 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општина Кратово бр.01-82/1 од 12.01.2022 година и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општина Кратово бр.01-431/1 од 10.03.2022 година, Годишниот план за вработување –измена и дополнување бр.08-115/1 од 24.01.2022 година, Градоначалникот на општина Кратово, објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 2/2022
За унапредување на 1 (еден) службеник – овластено службено лице од областа на безбедноста во ТППЕ Кратово, за следното работно место:
- Пожарникар спасител – водач на група, со шифра ПОЖ 0210 В02 000 – 1 извршител.
Потребни услови предвидени за работното место согласно Правилникот за систематизација на работните места:
Општи услови
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност зa работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
а) Стручни квалификации:
– за сите нивоа од категоријата В – ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;
б)Сертификат за стекната квалификација пожарникар од институција овластена од Министерството за образование и наука;
в)Положен возачки испит од Ц категорија;
г) Работно искуство, и тоа:
– за нивото В2 најмалку две години работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Македонија како работен стаж;
- Распоред на работно време: во смени непрекинато од 07 до 19 часот и од 19 до 07 часот;
- работни часови во неделата: 40;
- Паричниот износ на основната нето плата 32.783,00 денари.
На интерниот оглас може да се јави службеник, вработен во ТППЕ Кратово, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во актот за систематизација, како и:
– бил оценет со оценка А или Б на оценувањето во годината пред унапредувањето;
– ги исполнува работните компетенции предвидени за работното место на кое се унапредува;
– е распореден на ниво непосредно пониско од нивото на кое се унапредува;
– поминале најмалку две години од неговото последно унапредување; и
– во последната година не бил казнуван поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 3 (три) дена, сметано од денот на објавување на интерниот оглас.
Кон пријавата канидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
– потврди за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран службеник.
Пополнетата пријава и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите треба да ја поднесат во писмена форма преку Архивата на Општина Кратово до Одделението за управување со човечки ресурси и електронски преку службената електронска адреса: contact.kratovo@gmail.com.
Ненавремена, нецелосна и неуредна поднесена пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка по овој оглас.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Градоначалниkот



